Левандовски за историја

25.04.2013 06:45 | KumanovoNews

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е херојот на првите полуфинални дуели во Лигата на шампионите.

Левандовски за историја

Реал Мадрид доживеа дебакл во Дортмунд, Кралевите со неочекувано убедлив пораз од 4-1 се враќаат во шпанската престолнина.

Роберт Левандовски беше фудбалерот кој му приреди кошмарна ноќ на Жозе Мурињо.

Португалецот го признава поразот, но верува во кам-бек на Сантијаго Бернабеу.

Мислам дека тие беа подобриот тим. Ја добија секоја индивидуална битка. Беа поагресивни - изјави Мурињо по натпреварот.

Ние лесно го губевме поседот на топката и не можевме да се справиме со нивните контра напади. Знаевме се за Левандовски, па разочарани сме поради головите. Момчето заслужува пофалби, но и ние му помогнавме. Мислам дека можеме да го свртиме резултатот, но ќе биде тешко-додаде Мурињо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk