Левски го порази Куманово

11.03.2014 18:55 | KumanovoNews

Екипата на Левски забележа триумф на гостувањето во Куманово, победувајки со резултат 85:92.

Левски го порази Куманово

Тимот на Куманово беше рамноправен противник во првото полувреме, кога Левски замина со предност од само еден поен разлика. Третиот период е тој каде Левски прави поголема разлика, но кумановчани успешно се вратија во мечот во последната четвртина.

На неколку минути пред крајот на натпреварот резултатот беше изедначен, меѓутоа Чалмерс и Ѓорѓиев се погрижија за победа во регуларниот дел од натпреварот.

Настапот во продолжението од сезоната во БИБЛ лигата Куманово ќе го бара со победа против екипата на Кожув.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk