Лидерот на табелата гостува во Куманово

11.12.2015 13:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на Куманово во недела во Спортската сала во Куманово ќе ја дочекаат екипата на Карпош Соколи.

Лидерот на табелата гостува во Куманово

Екипата на Соколи заедно со тимот на МЗТ Скопје се на врвот од табелата со осум победи и само еден пораз. Оваа сезона тимот од Карпош е далеку подобра екипа и заслужува поголем респект во однос на минатата сезона. Освен поразот од МЗТ, победата против Куманово на домашен терен со 7 поени разлика, сите останати натпревари ги имаат добиено убедливо, со двоцифрена разлика. Дарко Соколов, Душан Кнежевиќ заедно со Казарновски, Болтиќ, Дендриџ, Петровиќ и Шепа се главните кошаркари во тимот на Карпош Соколи кои водени од тренерот Матиќ имаат одлична полусезона со што дефинитивно Соколи стануваат фаворит број два во домашното првенство.

Куманово имаше одлични три четвртини против МЗТ Скопје, меѓутоа проблем за Куманово може да биде неуиграноста на новите кошаркари и од таа причина овој натпревар доаѓа во незгоден момент за Куманово. Подршката од публиката сигурно дека ќе биде потребна, а се сеќаваме дека тимот на Соколи изгоре во пеколната атмосфера минатата сезона, забележувајки ги најтешките порази во сезоната во Спортската сала.

Натпреварот се игра во недела во 19 часот во Спортската сала во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk