Лино Червар воодушевен што доби македонски пасош

21.12.2012 09:55 | KumanovoNews

Со одлука на Владата на Република Македонија, тренерот на Металург Лино Червар поради посебни заслуги за спортот доби македонски пасош.

Лино Червар воодушевен што доби македонски пасош

Ова предизвика големо внимание во хрватската јавност, нешто што беше поздравено само со позитивни реакции.

Тренерот на тимот од Автокоманда задоволен од начинот на кој е третиран во нашата држава, вели дека сите во Скопје го држат како капка вода на дланка.

Не е тоа мала работа, па не се дава пасош туку така. Навистина бев трогнат од овој чин, тоа е искрено почитување кон мене за сето она што сум го сторил и што секако и во иднина ќе го правам-вели Червар.

Македонците се горди и достоинствени, без разлика на сите проблеми тие секогаш се оптимистични. Јас уживам во Скопје, тука сум три и пол години и ме држат како капка вода на дланка. Се чуствувам како дома-изјави Червар за хрватските медиуми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk