ЛШ: Дуел помеѓу Вардар и Металур во Скопје

14.11.2013 08:46 | KumanovoNews

Во групната фаза од ракометната лига на Шампиони, вечерва со почеток од 20 часот во арената Борис Трајковски ќе се сретнат екипите на Вардар и Металург.

ЛШ: Дуел помеѓу Вардар и Металур во Скопје

Двете македонски екипи се дел од серијата на седум меѓусебни дуели кои сезоната во директни пресметки ќе решаваат за пласман во осмина финалето.

Во моментот екипата на Металург има 6 поедни на табелата, а екипата на Вардар 4, на шест кола пред крајот на групната фаза.

Поради повредите на играчите, тренерот Лино Червар сеуште размислува кои играчи ќе ги стави во составот на Металург. Сигурно е дека централниот ракометар Филип Миркуловски нема да биде во составот бидејќи сеуште до крај не е рехабилитиран. Неизвесно е дали Павел Атман, Ацо Јоноски и Велко Маркоски ќе бидат во составот.

Во екипата на Вардар не се знае дали Алекс Душебаев ќе биде подготвен да го одигра натпреварот, бидејќи последните две недели беше поштеден поради повреда.

Во овие изминати осум години ракометниот клуб Металург има освоено пет шампионски титули и куп трофеи, а екипата на Вардар три титули во купот и првенството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk