ЛШ: Вардар пред голем предизвик против Барселона

30.11.2013 10:16 | KumanovoNews

Во рамките од седмото коло во групата Ц од Лигата на Шампионите, ракометарите на Вардар за противник ја имаат екипата на Барселона.

ЛШ: Вардар пред голем предизвик против Барселона

Првиот меч натпревар одигран во Скопје заврши со нерешен резултат (29:29).

Барселона е лидер во Ц групата со 11 бодови, следува Металург со 8, ПСЖ со 7 и Вардар со 6, на последните две места се Динамо Минск со 4 и Вакер Тун кој е без освоен бод.

Дуелот помеѓу Барселона и Вардар ќе започне во 16:15 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk