Лука Гаревски четврти на меѓународен натпревар во дуатлон

03.11.2014 10:40 | KumanovoNews

Лука Гаревски од Куманово минатата недела освои четврто место на Меѓународниот натпревар и државно првенство во дуатлон во Скопје.

Лука Гаревски четврти на меѓународен натпревар во дуатлон

Стазата се состоеше од 5 км. трчање, 20 км. возење велосипед и 2,5 км.  трчање.

“Имаше вкупно 51 натпреварувач, а јас освоив 4 место. Имав доста успешна сезона, а за 2015 година ме очекуваат нови предизвици и големи натпревари на кои се надевам ќе имам одличен резултат и достојно ќе ја претставам државата, општината и клубот за кој се натпреварувам. Имам огромна поддршка од општина Куманово, Општински сојуз на спортови, Триатлон федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт, кои ми овозможуваат да тренирам и да се натпреварувам на едно повисоко ниво“ - вели Гаревски.

На Европскиот куп и балканското првенство кое се одржа во септември во Бургас, Бугарија Гаревски освои 24 - то место од 46 натпреварувачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk