Луковиќ дебитираше со пораз од Лирија

31.03.2014 11:18 | KumanovoNews

Со пораз од екипата на Лирија, кошаркарите на Куманово го започнаа Супер-лигашкиот дел од сезоната. Конечен резултат на натпреварот беше 77-66.

Луковиќ дебитираше со пораз од Лирија

Првото водство на натпреварот Куманово го имаше кон почетокот на вториот период од мечот. Гостинскиот тим имаше сили за надигрување со Лирија само во првите три четвртини, а во последниот период тимот од Чаир направи целосен пресврт и го зголеми водството на 15 поени разлика.

Бојан Трајковски беше најефикасен поединец на натпреварот со 22 поени. Во Куманово Урош Луковиќ остигна 19 поени.

Следниот натпревар Куманово го игра против МЗТ Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk