Мајами - Бостон за старт на новата НБА лига

30.10.2012 10:06 | KumanovoNews

Со дуелот Мајами Хит - Бостон Селтикс рано наутро започнува 67.сезона  во најсилното кошаркарско натпреварување на планетата. Лигата ќе трае до 17.април кога ќе започнат плеј-оф натпреварите меѓу најдобрите 16 тима од 30 кои ќе ја започнат новата сезона.

Мајами - Бостон за старт на новата НБА лига

Најпосакуваното финале оваа година е Мајами Хит- Лос Анџелес Лејкерс. Шампионите од минатата сезона имаат ист тим со неколку засилувања, додека Лејкерси имаат најдобра трансфер политика оваа лето, доведувајки ги Неш и Хауард во своите редови.

Сепак не треба да се заборави денешниот противник на Мајами, Бостон кој секогаш има интересна екипа која може да се бори за висок пласман, а тука се и минатогодишните финалисти, младите Оклахома Сити Тандер.

Оваа четворка е главен кандидат за освојување на лигата, но не смејат да се забораваат и фаворитите од сенка како Клиперси, Сан Антонио, Њу Јорк Никс, Бруклин Нетс кои имаат состав за голем резултат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk