Мајами и Голден Стејт го добија мечот во конференциското полуфинале

09.05.2013 08:58 | KumanovoNews

Екипите на Мајами и на Голден Стејт ноќеска ги постигнаа првите победи во полуфиналето од Конференциите.

Мајами и Голден Стејт го добија мечот во конференциското полуфинале

Со овие триумфи тие изедначија на 1-1 во добиени натпревари во НБА плеј-оф серијата.

 Следните два дуела ќе се играат на терените на Чикаго и на Голден Стејт.

Голден Стејт ја продолжува добрата серија игри во плеј офот и како гостин го совладаа Сан Антонио со 100:91.

Најдобар поединец на натпреварот беше Клај Томпсон со 34 поени (рекордни за него во НБА) и 14 скокови.

На вториот натпревар, првакот Мајами не дозволи уште едно изненадување и со 37 разлика (115:78) го совлада Чикаго.

Најдобар стрелец кај победникот беше Реј Ален со 21 поен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk