Мајами ја одбрани титулата во НБА лигата

21.06.2013 11:45 | KumanovoNews

Кошаркарите на Мајами успејаа во „мајсторката“ да го совладаат Сан Антонио Спарс со резултат 95:88, одбранувајки ја титулата освоена минатата сезона.

Мајами ја одбрани титулата во НБА лигата

Леброн Џејмс беше прогласен за најдобар играч на оваа финална серија во која постигнуваше 25,3 поени 11 скока и 7 асистенции.

Голема подршка во оваа финале имаше од Двејн Вејд кој постигна 23 поени и 10 скока, а „Икс-фактор“ на натпреварот беше Шејн Батие кој постигна 18 поени и тоа шест од своите осум обиди за три поени.

Тим Данкан и Каваи Ленард беа предводниците на Сан Антонио кои забележаа 24 поени и 12 скока, односно 19 поени и 16 скокови на овој натпревар. Ману Џинобили забележа 18 поени но и многу изгубени топки, особено кога се кршеше резултатот пред крајот на мечот. Тони Паркер го заврши натпреварот со 10 поени, сите постигнати во првото полувреме.

Мајами ја одбрани титулата во овогодинешната сезона во НБА лигата, а тимот од Флорида со исти амбиции ќе настапи и во следната сезона.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk