Мајами се избори за мајсторка

19.06.2013 08:31 | KumanovoNews

Актуелниот шампион во НБА лигата Мајами Хит ќе има можност да го одбрани трофејот освоен мината година, откако во шестиот натпревар од финалната серија го совлада Сан Антонио со 103:100 по продолжението.

Мајами се избори за мајсторка

Хит на овој меч заостануваа со 13 поени во третата четвртина, а по последниот период губеа со 75:65. На 28 секунди до крајот од регуларното време Спарс имаа предност од пет поени, но „жешките“ со серијата од 6:1 се изборија за продолжение кое го добија со 8:5.

Домашните беа предводени од Леброн Џејс кој забележа трипл-дабл, 32 поени, 11 асистенции и 10 скокови. Марио Чалмерс уфрли 20 (4/5 тројки), Крис Бош имаше 10 поени и 11 скокови,а Реј Ален и Шејн Батие реализираа по 9 кошеви.

На спротивната страна најпрецизен беше Тим Данкан со 30 поени, но само 5 во второто полувреме. Данкан на овој меч собра и 17 скокови. Останатите двајца кои постигнаа двоцифрен број на кошеви за „мамузите“ се Каваи Ленард (22п. 11 с.) и Тони Паркер (19 п. 8 а.)

Следниот натпревар по кој ќе биде познат новиот или стариот шампион ќе биде одигран во петок изутрина во „АмериканЕрлајн Арена“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk