Македонци освоија бронза во бадминтон

19.11.2013 08:56 | KumanovoNews

На Балканскиот Шампионат во бадминтон во јуниорска категорија, македонскиот тим освои трето место и бронзен медал.

Македонци освоија бронза во бадминтон

Шампионатот се одржа во Маниса, Турција од 14-18 ноември.

Балкански шампион стана домаќинот Турција, а на второ место застанаа јуниорите од Бугарија.

Претставниците на бронзен медал беа Васил Пујовски, Деа здравсковска и Марио Накиќ, Ина и Дариа Стефановски, Ведран Здравковски и Петар Живковски, предводени од селекторот Миновски и тренерот Штерјовски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk