Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Саша Огненовски, Австралиецот со македонско потекло, ја понесе наградата за најдобар фудбалер на најголемиот континент на светот.
Огненовски, капитенот на Сеонгнам го водеше Зоб Ахан од Иран до победа со 3-1 во финалето на Лигата на шампионите на Азија.Тој го прими пехарот за најдобар фудбалер со што стана првиот Македонец по потекло, што капитенски освоил некој голем клупски трофеј.
Поради фантастичната сезона, Огненовски на гала-вечерта го доби признанието на АФЦ за играч на 2010 година, откако по финалето беше прогласен и за најкорисен фудбалер.
Македонија нема да ги користи услугите на 31-годишниот стопер, затоа што земјава од пред повеќе од 18 месеци се откажа од него, а тој доби повик за настап за Австралија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk