Македонија 76-та на ФИФА листата

15.12.2010 14:11 | KumanovoNews

 Фудбалската репрезентација на Македонија годинава ќе ја заврши на 76.место на ранг листата, објави Светската фудбалска асоцијација - ФИФА .

 
Македонија 76-та на ФИФА листата

 Македонските фудбалери исто како и претходниот месец се на 76. позиција со вкупно освоени 441 бод или два повеќе во однос на претходниот месец.

Од противниците во квалификациската група за ЕП 2012, Русија е 13-та, Словачка се наоѓа на 20.место, Република Ирска е на 36.место, Ерменија е 60-та и Андора е најслабопласирана на 202 место.

Од првото до десетото место на листата на ФИФА се наоѓаат: Шпанија, Холандија, Германија, Бразил, Аргентина, Англија, Уругвај, Португалија, Египет и Хрватска.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 12 јануари 2011 година.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk