Македонија денеска игра против фаворитот Шведска

15.01.2012 14:07 | KumanovoNews

Вечерва со почеток во 19:30 нашата ракометна репрезентација го игра првиот натпревар во рамките на Б групата  од Европското првенство против Шведска.

Македонија денеска игра против фаворитот Шведска

Нашата репрезентација има мали проблеми пред почетокот на овој натпревар, бидејки Ванчо Димовски и Никола Марковски нема да бидат во можност да играат на овој натпревар.

Дека нашата репрезентација е сериозен конкурент, покажува и фактот дека шведскиот национален состав барал видео материјали од Кил и Барса во обид да го спречат нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров.

Македонија е во групата Б заедно со Германија, Шведска и Чешка. Во следната фаза патуваат првите три екипи, а нашите ракометари треба да забележат една победа за да го продолжат натпреварувањето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk