Македонија го заврши настапот на ЕП во Словенија

09.09.2013 14:41 | KumanovoNews

Изабраниците на Алеш Пипан, загубија во клучниот натпревар од првата фаза и загубија со 10 поени разлика од репрезентацијата на Летонија со резултат 76:66.

Македонија го заврши настапот на ЕП во Словенија

Покрај Црна Гора, Македонија е втората репрезентација која го заврши својот настап на Европското првенство во Словенија. Нашите репрезентативци денеска не покажаа ништо во дуелот со Летонија, која беше помотивиран, подобар противник и заслужи да оди во следната фаза.

Македонија уште на старот почна да губи со 7:0, и воопшто не успеја да поведе на натпреварот.

Селекторот Пипан во овој натпревар во игра ги внесе сите репрезентативци, а додека на паркетот петорката беше Брчков, Илиевски, Самарџиски и браќата Стојановски, Македонија играше најдобра одбрана на првенството и за миг излгедаше дека може да се преврти натпреварот во наша полза.

Најефикасни на натпреварот беа Јаниченокс и Берзинс со 15 поени за Летонија, додека за Македонија Антиќ постигна 16 поени.

Србија и Летонија се двата патника во следната фаза, Македонија и Црна Гора од Јесенице патуваат дома. Натпреварот од 21 часот меѓу Србија и Црна Гора нема резултатско значење, а последниот патник ќе биде познат од 17:45 кога во директен дуел ќе биде решено, дали во следната фаза ќе патува екипата на Литванија или Босна и Херцеговина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk