Македонија ја победи Полска

23.01.2012 17:16 | KumanovoNews

Ракометарите на Македонија ја совладаа репрезентацијата на Полска, и имаат реални шанси за пласман во следната фаза. Конечен резултат на натпреварот беше 25-27.

Македонија ја победи Полска

Македонија водеше во текот на целиот меч, а падовите и осцилациите на нашата екипа се почуствуваа и на овој меч.

Борко Ристовски е јунакот на натпреварот кој успеја да одбрани дури 19 удари и да ја врати репрезентацијата во живот по сите слабо одиграни периоди на натпреварот. Најефикасен поединец и на овој натпревар беше Кире Лазаров со 9 гола, а Стевче Алушовски и Наумче Мојсовски постигнаа по 4 гола.

Следниот натпревар ракометарите го играат во среда против домаќинот на првенството Србија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk