Македонија несреќно загуби од Германија

17.01.2012 19:32 | KumanovoNews

Ракометарите на Германија среќно издвојуваа победа против репрезентацијата на Македонија. Во меч со доста сомнителни судиски одлуки, нашите ракометари изгубија во последните мигови со резултат 23:24.

Македонија несреќно загуби од Германија

Тешко е во овие мигови да се најде „виновникот“ за натпреварот кој ќе ни донесеше пласман во следната фаза.  Резултатот на полувреме беше 12-12, додека второто полувреме заврши со резултат 11-12, што покажува дека натпреварот е повеќе од изедначен.

Најефикасни поединци беа Кире Лазаров со 7 гола, кој имаше неколку врзани клучни промашени шанси. Стојанче Стоилов изигра одлично како и во првиот натпревар постигнувајки 6 гола а Наумче Мојсовски постигна 4 гола.

Сомнителните ситуации кои одеа во корист на германската репрезентација се дел кој треба да се истакне, и кој веројатно влијаеше на конечниот исход.

Следниот натпревар нашата репрезентација го игра против Чешка, и со победа обезбедува пласман во следната фаза.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk