Македонија одбројува „10 дена до Мундијалот“

03.01.2013 11:09 | KumanovoNews

Десет дена остануваат до првиот натпревар на машката ракометна репрезентација на Македонија, на Светското првенство кое од 11 до 27 јануари ќе се одржува во Шпанија.

Македонија одбројува „10 дена до Мундијалот“

По кратката Новогодишна пауза, ракометарите за прв пат вчера комплетни одработија тренинг.

Селекторот Звонко Шундовски на располагање ги има сите 20 ракометари, откако на останатите за прв пат им се приклучи и голманот Борко Ристовски, поради клубски обврски ги прескокна подготовките во Пореч, Хрватска.

Денеска точно напладне (12 часот) во СРЦ Кале ќе се одржи прес-конференција. Престојниот викенд (4-ти и 5-ти јануари) нашите ракометари во Ниш ќе ги имаат и последните контролки против селекциите на Србија и Египет, по што Шундовски ќе треба да реши кои 16 ракометари ќе патуваат за Севиља, каде ќе настапат во групата „Б“ против репрезентациите на Чиле, Катар, Исланд, Русија и Данска редоследно.

Распоред на натпревари на репрезентатцијата на Македонија:

Македонија-Чиле (15:45 ч. - 12 јануари 2013)

Македонија-Катар  (18:00 ч. - 13 јануари 2013)

Македонија-Исланд (18:00 ч. - 15 јануари 2013)

Македонија-Русија  (15:45 ч. - 16 јануари 2013)

Македонија-Данска (20:15 ч. - 18 јануари 2013)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk