Македонија победи против Белгија

11.08.2014 11:18 | KumanovoNews

Кошаркарските репрезентативци на Македонија успејаа во неизвесен натпревар да ја совладаат екипата на Белгија со 76-73.

Македонија победи против Белгија

Со многу осцилации во играта, нашите репрезентативци ја забележаа првата победа во групната фаза во квалификациите за Европското првенство 2015 година. Селекцијата на Белгија делуваше поорганизирано и делумно имаше подобра игра, но сепак сето тоа неможеа да го реализираат на во поголема предност и одржување на водството.

Македонија играше променливо, со премногу шутеви за три поени, но сепак успеваше да го држи противникот на пристојно растојание, за да на крајот успее да го одведе натпреварот во продолженија, а подоцна по екстра времето и забележи битна победа на стартот од квалификацискиот циклус.

Војдан Стојановски и Бојан Трајковски постигнаа 16 поени, а Марко Симоновски ја постигна клучната тројка за победа.

Следниот натпревар, репрезентативците го играат против Данска за три дена.

(фото: basketball.org.mk)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk