Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската футсал репрезентација во пријателски натпревар ја победи Црна Гора со резултат од 3-1 во Спортската сала Куманово .
Првата посериозна шанса за репрезентацијата на Македонија беше во десетата минута. Во 14-та минута Македонија поведе со 1-0 и со овој резултат репрезентациите заминаа на полувреме.
Во почетокот на второто полувреме се забележуваше подинамична игра на Црногорците и во 31-та минута изедначија на 1-1. Наредната 32-ра минута следуваше прекршок и Македонија го искористи за да оствари заслужено водство од 2-1. На 3 минути до крајот на натпревар нашите играчи постигнаа нов гол за крајниот резултат од 3-1 за Македонија.
Во текот на натпреварот играчите на Црна Гора добија 4 жолти картони.
Дејан Геооргиевски
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk