Македонија поуспешна од Словачка

20.07.2012 07:14 | KumanovoNews

Репрезентацијата на Македонија за кошаркари до 16 години со 84-47 ја совлада Словачка во првиот меч од Европското првенство во Букурешт.

Македонија поуспешна од Словачка

Избраниците на селекторот Игор Михајловски го доминираа во текот на целиот меч, а противникот одржуваше рамнотежа само во првите четири минути. На полувреме се замина со висока предност од 38-19, која само се зголемуваше до крајот на средбата. Николов со 29 поени, пет асистенции и два скока и Магдевски со 27 коша, пет асистенции, осум скока и шест украдени топки беа накорисни кај Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk