Македонија против Финска за второто место

22.07.2013 07:31 | KumanovoNews

Кошаркарите на Македонија до 18 години вечерва во 18:45 часот во салата „Никола Карев" во Струмица го играат последниот натпревар од А групата, од првата фаза од ЕП - Б дивизија.

Македонија против Финска за второто место

Противник ни е репрезентацијата на Финска, која исто како и Македонија има биланс една победа и два пораза.

По стартната победа над Унгарија, нашите јуниори ги загубија двата дуела со Данска и со Полска, пред се поради слабото прво полувреме. Во зависност од исходот на дуелот Полска - Данска, кои играат од 12 часот и нашиот тим ќе има шанса за второто место во групата. Доколку победи Полска, на Македонија ќе и треба победа над Финска за второто место.

Преглед на денешниот натпревари и табелите:

А група: Полска - Данска и Македонија - Финска.

Табела: Полска 3-0 (победи-порази), Унгарија 2-2, Финска 1-2, Македонија 1-2, Данска 1-2.

Б група: Холандија - Германија, Естонија - Австрија и Норешка - Грузија.

Табела: Холандија 4-0, Германија 3-1, Естонија 3-1, Норвешка 1-3, Австрија 1-3, Грузија 0-4.

Ц група: Романија - Израел, Шкотска - Шведска и Швајцарија - Словачка.

Табела: Израел 4-0, Шведска 3-1, Романија 2-2, Швајцарија 2-2, Словачка 1-3, Шкотска 0-4.

Д група: Белорусија - Белгија и Луксембург - Црна Гора.

Табела: Црна Гора 3-0, Португалија 2-2, Белгија 2-1, Белорусија 1-2, Луксембург 0-3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk