Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 16 часот и 15 минути ќе игра полуфинале на Медитеранските игри против селекцијата на Србија.
Ова е епилогот по синоќешниот пораз од домаќинот и фаворит на турнирот Турција со 77:57.
Селекторот Марјан Србиновски на овој дуел често ротираше и испробуваше различни тактички варијанти, давајќи им посериозна шанса и на резервните кошаркари во тимот, кои ќе бидат од голема помош на следните два натпревара во борбата за медал на Медитеранските игри.
Македонија го освои второто место во групата А и за финале ќе се бори со првопласираната српска репрезентација од Б групата. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Турција и Тунис.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk