Македонија скокна за пет места на ФИФА-листата

30.04.2010 07:47 | KumanovoNews

 Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА и моментно е на 60 место.

Македонија скокна за пет места на ФИФА-листата

 Македонија изминатиов месец не одигра ниту еден меч, но заработи 12 поени и стигна до 521 поен, колку што има и селекцијата на Иран. Во следниот период „црвено-жолтите“ ќе играат пријателски мечеви со Азербејџан на 29 мај и Романија на 2 јуни. Двата дуела ќе се играат на неутрален терен во Австрија.

 Од противниците на Македонија во квалификациите за ЕП 2012 година, Русија е на 11 место со 1.003 поени, Словачка е на 38 место со 742 поена, Ирска е на 43 место со 690 поени, Ерменија е 99-та со 311 поени, а Андора е на самото дно и со само 2 поена што е доволно за 201 место.

 На врвот на листата се врати петкратниот светски првак  Бразил. „Кариоките“ имаат 1.611 поени и се пред европскиот првак Шпанија со 1.565 поени и Португалија со 1.249 поени. Меѓу топ-10 селекциите се и Холандија со 1.221, Италија - 1.184, Германија - 1.107, Аргентина - 1.084, Англија - 1.068, Хрватска - 1.052 и Франција - 1.044 поени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk