Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Mакедонската фудбалска репрезентација во футсал патува за Либија каде во главниот град Триполи на 29 и 30 јануари ќе одигра две контролни средби со домашната селекција на Либија.
Нашиот противник на последното Светско првенство заврши како 13 пласиран.
На средбите нашата екира ќе игра во изменет, ослабен состав без повредениот Насковски, голманот Тодоровски кој е ослободен од обврските, а поради административни проблеми неизвесно е и патувањето на Петровиќ и Јовановски. Овој пат ќе се проверат квалитетите на помладите играчи кои нестрпливо чекаат шанса за докажување. Контролните натпревари доаѓаат пред квалификациите во Полска и Белорусија.
Во досегашните 4 пријателски средби со селекцијата на Либија еднаш загубивме а три пати ремизиравме.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk