Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младата македонска фудбалска репрезентација до 21 година доби незгодна група за квалификациите за Европското првенство во 2013 во Израел, на денешната ждрепка во Нион, седиштето на УЕФА
Како што однапред беше познато, Македонија беше во четвртиот вредносен шешир, па доби три подобро рангирани селекции од себе и еден аутсајдер во Фарски Острови. Носител на групата и прв фаворит е Србија, северниот сосед, коко лани во март го победивме во пријатслки меч, а групата ја пополнуваат Данска и Северна Ирска.
Србите имаат нова исклучителна генерација, која пред две години како селекција до 19 години беше полуфиналист на ЕП до 19 години. Инаку до 21 година, Србија има две финалиња на ЕП и едно полуфинале. Втора по ранг селекција е Данска, додека Северна Ирска е некаде на нашиот ранг.
Инаку 53 селекции се поделени во 10 групи, а само првопласираните и четирите најдобро второпласирани ќе се пласираат во плеј-офот. Победниците од овие дуели, заедно со домаќинот Израел ќе го дадат конечниот број од осум селекции кои ќе играат на завршницата.
РАСПОРЕД НА ГРУПИ ЗА КВАЛИФИКАЦИ ЗА ЕП 2013
ГРУПА1: Германија, Белорусија, Грција, БиХ, Кипар, Сан Марино
ГРУПА 2: Шведска, Украина, Финска, Словенија, Литванија, Малта
ГРУПА 3: Чешка, Велс, Ерменија, Црна Гора, Андора
ГРУПА 4: Србија, Данска, С. Ирска, МАКЕДОНИЈА, Ф. Острови
ГРУПА 5: Шпанија, Швајцарија, Хрватска, Грузија, Естонија
ГРУПА 6: Русија, Португалија, Молдавија, Полска, Албанија
ГРУПА 7: Италија, Турција, Унгарија, Р. Ирска. Лихтенштајн
ГРУПА 8: Англија, Белгија, Исланд, Норвешка, Азербејџан
ГРУПА 9: Романија, Франција, Словачка, Латвија, Казахстан
ГРУПА 10: Холандија, Австрија, Шкотска, Бугарија, Луксембург
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk