Македонската селекција пред тежок испит за пласман на ЕвроБаскет, потребни се плус 10 против Естонија

22.02.2021 11:36 | KumanovoNews

 Кошаркарската селекција на Македонија, сепак ќе има огромна шанса за пласирање на ЕвроБаскет 2022 година, и за тоа сама ќе одлучува.

Македонската селекција пред тежок испит за пласман на ЕвроБаскет, потребни се плус 10 против Естонија

По вчерашната заслужена победа над Италија, и очекуваното славје на Русија против тимот на Естонија, денеска не очекува последниот натпревар на квалификацискиот турнир во Перм – играме со селекцијата на Естонија, а потребна ни е победа со најмалку 10 поени разлика, откако на домашен терен минатата година загубивме со 72:81.

Пред Александар Тодоров и националниот тим од кошаркари претстои тешка задача која треба да се реши, доколку сите сакаат да покажат дека станува збор за солидна и искусна екипа која треба да им донесе радост на своите навивачи пред малите екрани. Естонија е тим се мал број на познати имиња во европската кошарка, но играат во тимски дух и ќе се борат до самиот крај.

Во победата над Италија, со мал удар се здоби одличниот Ненад Димитријевиќ, но не би требало да претставува проблем во денешниот настап. Дуелот започнува од 15:00 часот, со директен пренос на каналите на Спорт Клуб 1.

(Д.Д.)


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk