Македонската женска ракометна репрезентација ја победи Србија

22.03.2013 10:07 | KumanovoNews

Синоќа во Крагуевац македонската женска ракометна репрезентација ја победи репрезентацијата на Србија.

Македонската женска ракометна репрезентација ја победи Србија

Македонската ракометна репрезентација оствари  победа со 27:25 (14:12).

Во рамките на неделата на ЕХФ женските селекции играат пријателски натпревари, кои се подготовка за бараж натпреварите за Светското првенство кои се на програмата во јуни.

Македонија ќе игра против Шпанија, а Србија е домаќин на Светското првенство.

Вториот натпревар меѓу Србија и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 14 часот исто така во Крагуевац.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk