Македонските ракометарки вечерва играат против Шведска

06.12.2012 09:25 | KumanovoNews

На женското Европско првенство во ракомет што се одржува во Србија, македонската репрезентација денеска го игра натпреварот од 2.коло против Шведска. Почетокот на овој дуел е во 18.15 часот.

Македонските ракометарки вечерва играат против Шведска

Шведската репрезентација во 1.коло ја совлада Данска, а Македонија беше поразена од Франција.

Селекторот Гино Стрезовски и ракометарките уште пред почетокот на шампионатот најавија дека шанса за позитивен резултат се токму скандинавските селекции.

Во вториот натпревар од групата Б играат Франција - Данска.

Денеска се играат натпревари и во групата А во Белград, а двојките се: Србија – Украина (почеток 18:15) и Чешка – Норвешка (20:15).

Во групите Ц и Д денеска е слободен ден, а таму вчера беа одиграни дуелите од 2.коло по кое Шпанија и Црна Гора веќе обезбедија пласман во следната фаза.

Резултати и табели во групите Ц и Д:

Ц група (Нови Сад): Шпанија – Хрватска 25:21 и Унгарија – Германија 24:21.

Д група (Вршац): Русија – Црна Гора 27:30 и Исланд – Романија 19:22.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk