Македонските тенисери поразени на фјучрс турнирите

17.10.2013 07:40 | KumanovoNews

Македонските тенисери Димитар грабул, Лина Ѓоческа и Магдалена Стоилковска, вчера не успејаа да ги поминат натпреварите од првото коло на фјучрс турнирите.

Македонските тенисери поразени на фјучрс турнирите

Димитирар Грабул во 1. коло на турнирот во Есен, Германија на гостински терен загуби од Филип Шолц со 6:2 и 6:4 во сетови.

На женскиот турнир во Бургас, Бугарија, тенисерката Лина Ѓорческа поради повреда го предаде мечот против Диана Шумова од Чешка, кога стигнаа до резултат 6:2 и 2:0 во гемови. Инаку на турнирот во Русе во неделата, Шумова ја победи Ѓорческа во финалето на турнирот.

Додека втората македонска тенисерка Магдалена Стоилковска на главниот турнир влезе како "лаки лузер", откако не успеја да ги мине квалификациите. Во првото коло Стоилковска играше против првата носителка Диа Ефтимова вод Бугарија и загуби со 6:1 и 6:0 во сетови.

Попладнево настап на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шејк ќе има и Бесир Дургути против Даниеле Капечини од Италија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk