Македонските ватерполисти во Белорусија

30.03.2011 15:30 | KumanovoNews

Репрезентативците на Македонија ќе ги одмерат силите со ватерполистите на Белорусија денеска во Минск во 17 часот.

Македонските ватерполисти во Белорусија

Овој натпревар од 3 коло од квалификациите за Европското првенство што 2012 година ќе се одржи во Ајндховен, Холандија.

Ова ќе биде четврти меѓусебен дуел на овие две селекции, Македонија има две победи и еден пораз. Во групата покрај Белорусија противник на македонските ватерполисти Ќе бидат шпанците кои се први на табелата со 6 бодови.

Денеска се играат уште седум други натпревари.

Двојките се:

Група А: Полска - Турција.

Табела: Турција 3, Малта 3, Полска 0.

Група Б: Германија - Бугарија и Португалија - Словенија.

Табела: Германија 6, Словенија 3, Португаија 3, Бугарија 0.

Група Д: Франција - Русија.

Табела: Франција 3, Русија 3, Швајцарија 0.

Група Е: Грузија - Грција.

Табела: Грција 3, Грузија 3, Велика Британија 0.

Група Ф: Украина - Романија и Израел - Словачка.

Табела: Романија 6, Словачка 3, Украина 3, Израел 0.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk