Македонскте кошаркарски јуниори по продолжение ја совладаа Австрија

21.07.2012 08:22 | KumanovoNews

Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, ја оствари втората победа на шампионатот совладувајќи ја Австрија со што полека го привршува својот настап на ЕП (дивизија Б) за играчи до 20 години во Софија.

Македонскте кошаркарски јуниори по продолжение ја совладаа Австрија

Во натпревар од 3. коло на групата „Г“ односно за пласман од 9 до 18 место, Македонија попладнево ја солвада Австрија  со 85:77 во продолжението, откако регуларниот дел заврши нерешено 71:71 (по четвртини 21:17, 18:17, 14:18 и 18:19).

Во дополнителните 5 минути, кои нашата репрезентација ги доби со 14:6, Горјан Марковски постигна 7 од 14-те поени, а средбата ја заврши со ефект од вкупно 31 поен и 17 скокови.

И покрај оваа победа, избраниците на Александар Петровиќ, остануваат на 5-место на табелата во оваа група (единствено зад нас е селекцијата на Луксембург).

Со тоа утре нашите јуниори против Швајцарија, ќе разигруваат за 15-тото место во конечениот пласман во „Б“ дивизијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk