Максимални три победи за Македонија во групната фаза од ЕП во кошарка за мали земји

13.07.2012 06:40 | KumanovoNews

Македонската женска кошаркарска репрезентција ја забележа и третата победа во третиот натпревар од групната фаза на Европското првенство за мали земји кое се одржува во Охрид, со што го потврди првото место во групата „Б“, а воедно и пласманот во полуфиналето.

Максимални три победи за Македонија во групната фаза од ЕП во кошарка за мали земји

Убедливо со 106:48 Македонија синоќа во „Билјанини Извори“ во Охрид го победи Велс. По четвртини: 31:10; 38:20; 17:14 и 20:4.

Шест кошаркарки во репрезентацијата на Македонија имаа двоцифрен број на поени, а најефикасни беа Елена Раденковиќ со 19 и Едина Муса со 18 реализирани поени.

Во другиот натпревар од 3.коло во оваа група Австрија го победи Гибралтар со 80:29.

Од групата „А“ во полуфиналето се пласираа Малта и Шкотска.

Во 3.коло од оваа група постигнати се следниве резултати: Малта - Азербејџан 80:70 и Шкотска - Молдавија 81:19.

Денеска е слободен ден на првенството, а утре на програмата се полуфиналните натпревари во кои Малта ќе игра против Австрија, а Македонија за противник ќе ја има Шкотска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk