Манчестер Јунајтед нов шампион на Англија

23.04.2013 08:07 | KumanovoNews

Со победата над Астон Вила со 3:0 екипата на Манчестер Јунајтед на четири кола до крајот на сезоната во Премиер лигата ја обезбеди шампионската титула.

Манчестер Јунајтед нов шампион на Англија

Во последниот натпревар од 34.коло одигран синоќа на „Олд Трафорд’’ Манчестер Јунајтед ја совлада Астон Вила со хет-трикот на Холанѓанецот Робин Ван Перси. Трите гола беа постигнати во првото полувреме.

Манчестер на врвот на табелата има вкупно 84 бодови или недостижни 16 во однос на минатогодишниот шампион и второпласиран тим на табелата Манчестер Сити.

За Манчестер Јунајтед ова е јубилејна 20.та титула шампион на Англија.

Табела: Манчестер Јунајтед 84 Бодови (34 одиграни натпревари), Манчестер Сити 68 (33), Арсенал 63 (34), Челзи 62 (33), Тотенхем 61 (33), Евертон 56 (34),.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk