Мандиќ недозволи победа на Работнички

12.04.2014 19:42 | KumanovoNews

Вукашин Мандиќ имаше свое шоу во Спортската сала, и му ја обезбеди првата победа на тимот на Куманово против големиот ривал Работнички со резултат 87:77.

Мандиќ недозволи победа на Работнички

Натпреварот беше неизвесен до самата завршница а во првата и средината на втората четвртина разликата неможеше да премине 5 поени. Работнички со неколку тројки во серија успеја да ја помине границата и поведе со максимални девет поени разлика, меѓутоа Куманово брзо реагираше и успеја да го изедначи резултатот пред да замине на полувреме.

Во продолжението од мечот, Куманово фати ритам и поведе со седум поени предност.

Се чинеше дека Работнички има сили да се врати во натпреварот и да го сврти резултатот. Икониќ и Симоновски беа шутерски расположени, но против себе го имаа неверојатниот Мандиќ кој со три тројки го декласираше противникиот и не дозволи да се спуштат на разлика под шест поени. Младеновиќ го постави конечниот резултат, постигнувајки поени од контра во последната секунда за резултат 87:77.

Најефикасен поединец на мечот беше Мандиќ со 35 поени и 8 скока. Во тимот на Работнички Марко Симоновски постигна 23 поени. Според индексинот број, неофицијално можеме да го прогалсиме Мандиќ за играч на третото коло во Супер-лигата.

Следниот натпревар Куманово го игра за три дена на гостински терен против тимот на Кожув.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk