Марјан Србиновски нов тренер на Куманово

25.02.2016 11:12 | KumanovoNews

Поранешниот селектор на Македонија, Марјан Србиновски е нов тренер на Куманово. Тој доаѓа на местото на  Страшо Тодоровиќ.

Марјан Србиновски нов тренер на Куманово

Извори од клубот ја потврдија информацијата за смена на тренерското место. Како причина се наведуваат слабиот настап во Купот на Македонија, а неофицијално се зборува дека поздината е друга. Имено се работи за ултиматум од Тодоровиќ, кој побарал од управата да го одстрани Вукашин Мандиќ од тимот.

Сепак очигледно е дека Мандиќ има огромна подршка од спонзорите раководството на тимот на Куманово, па по  Игор Михајловски и Љубисав Луковиќ,  не успеја на клупата да остане ни Страшо Тодоровиќ.

Србиновски до сега ги водеше тимовите на Торус, Работнички, Кожув а последниот ангажман му беше на клупата на Македонската кошаркарска репрезентација.

Тој ќе дебитира на натпреварот против Струмица во сабота во Спортската сала.

Фото(fiba.com)
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk