Мартин Стефановски e првиот кумановец со црн појас во бразилска џиу - џица (видео)

27.07.2023 15:38 | Стефан Николиќ

Мартин Стефановски, основач и тренер на клубот „Стронгест Куманово“ неодамна го доби најголемото признание за својата успешна работа - црн појас во бразилска џиу џица.

Мартин Стефановски e првиот кумановец со црн појас во бразилска џиу - џица (видео)

Со тоа тој стана првиот кумановец, кој има црн појас во овој се попопуларен боречки спорт. Неговиот успех е резултат на голема посветеност, време и труд во совладување на сите тајни на боречката вештина.

"Неописливо и возвишено е чувството да се има црн појас во џиу џицу, бидејќи тоа претставува круна на целиот труд што го вложив во оваа вештина сите овие години“, вели Мартин.

Како голем вљубеник и професионалец во џиуџицата, тој пред десет години го отворил клубот "Д Стронгест“, за да го пренесе своето знањето на младите. 

Од разговорот со успешниот тренер и неговите колеги- членови на клубот „Стронгест Куманово“ ќе имате можност да дознаете интересни податоци за бразилската џиу џица, конекцијата со ММА, нивните искуства...

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk