Матеја со нов државен рекорд

15.06.2016 08:11 | KumanovoNews

Атлетичарката Матија Ефремовска го подобри државниот рекорд во фрлање диск.  На последното натпреварување во Скопје, Ефремовска постигна резултат од 40 метри и 53 сантиметри што е и нејзин личен рекорд.

Матеја со нов државен рекорд

Оваа сезона на секој натпревар правев нов личен резултат и три пати го подобрив државниот рекорд во фрлање на диск. Последен пат на натпреварот во Скопје стапив вон конкуренција.Оваа сезона немам пораз во Македонија во оваа дисциплина и освоив две медали на меѓународни натпревари во фрлање диск,- вели Ефремовска, атлетичар во Атлетски клуб „Куманово“.

 Матеја вели дека нема да застане тука, туку очекува уште подобри резултати во наредниот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk