Меѓународен семинар за аикидо во Куманово

15.10.2014 16:00 | KumanovoNews

Меѓународен семинар за аикидо, од петок до недела, ќе се одржи во спортската сала на “Перо Наков“ во Куманово.

Меѓународен семинар за аикидо во Куманово

Семинарот го организира аикидо клуб “Агатсу“ од Куманово и “Хоши“ од Скопје, а предавач ќе биде јапонски аикидо инструктор Сенсеи Тоширо Суга Дан Аикикаи. Кумановци ќе можат да присуствуваат на предавањето во петок во 19.30 часот.

“Аикидо е јапонска боречка вештина и претставува современ метод за физички и ментален развој, стекнување и подобрување на физичка кондиција, рекреација и ефикасен вид на самоодбрана. Аикидо клубот „Агатсу„, покрај редовните тренинзи организира и семинар со цел да се усовршат знаењата“ - велат организаторите.

На семинарот се очекуваат гости од Србија, Босна, Бугарија и други држави. Влезот е бесплатен за сите посетители и љубители на боречките вештини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk