Меѓународен турнир во пинг-понг за ветерани се одржа во Куманово

11.11.2024 11:34 | KumanovoNews

Денот на ослободување на Куманово - „11 Ноември“, ППК "Куманово" го одбележи со два настани. 

Меѓународен турнир во пинг-понг за ветерани се одржа во Куманово

Во саботата го одржа XIV Меѓународен турнир во пинг-понг за ветерани, а во недела се играше првиот турнус од Државната јуниорска лига со учество на девет екипи од државата. 

На Меѓународниот турнир за ветерани учестуваа играчи од шест клуба од државата и ветерани од Србија. 

Најдобар на овој турнир беше Филе Матевски од ППК "Вардар", втор е Мирослав Симиќ од ППК "Нец", а третото место го поделија Боро Варошлија од ППК "Дебар Маало" и Вили Ангелов од ППК "Борец Тим". Игор Маневски од ППК "Куманово" е пети. 

Во првите три кола од Државна јуниорската лига младата екипа на ППК "Куманово" забележа две победи и еден пораз.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk