Меморијален турнир во фудбал во чест на Ванчо Ивановски - Старејко

16.06.2023 11:15 | Оливера Пешевска

Во салата на економското училиште „Перо Наков“ во Куманово /утре/ во сабота ќе се одржи меморијален фудбалски натпревар меѓу екипите на ветерани на ФК Куманово и ФК Работнички од Скопје.

Меморијален турнир во фудбал во чест на Ванчо Ивановски - Старејко

 Натпреварот се игра во чест на Ванчо Ивановски - Старејко, почината фудбалска легенда на Куманово.

 Турнирот ќе започне во 16 часот, а ќе го отворат најмладите фудбалери од ФК "Еуроспорт#, а потоа следува протоколарниот дел, на кој ќе бидат доделени дипломи и благодарници, на истакнати фудбалери и нивните семејства, и на оние кои ја потпомогнаа работата на фудбалскиот клуб на ветераните

Фудбалскиот натпревар меѓу ветераните на Куманово и Работнички започнува во 17 часот.

Меморијалниот турнир финасиски го подржаа Општина Куманово и приватни фирми-спонзори.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk