Меморијален турнир во одбојка

04.06.2014 13:00 | KumanovoNews

Турнир во одбојка, во сабота во 10 часот, ќе се оддржи во спортската сала на средното училиште “Перо Наков“, во организација на одбојкарски клуб “Куманово“ и Одбојкарска федерација на Македонија.

Меморијален турнир во одбојка

На турнирот ќе се натпреваруваат екипите “Куманово“, “Работнички“  од Скопје, “ПроВолеј“ од Пробиштип и Универзитет “Гоце Делчев“ од Штип.

Ќе се одиграат 4 натпревари кои ќе одлучат за конечниот пласман на првенството во категорија кадети на Одбојкарска федерација на Македонија.

Турнирот има меморијален карактер со тоа што ќе и се оддаде почит на загинатата членка Теодора Цветковска.

Организаторите ги повикуваат љубителите на овој спорт да го посетат турнирот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk