Меси е најдобар светски фудбалер за 2013

25.12.2013 08:27 | KumanovoNews

Напаѓачот на Барселона, аргентинецот Лионел Меси е избран за најдобар светски фудбалер за 2013 година според изборот на британскиот весник "Гардијан".

Меси е најдобар светски фудбалер за 2013

На листата од 100-те најдобри играчи во оваа година се најде и името на познатиот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Како треторангиран е фудбалерот на Париз Сент Жермен, Златан Ибрахимовиќ, а под него се французинот Франк Рибери од Баерн Минхен.

Покрај аргентинецот Меси, на листата меѓу десетте најдобри играчи се најдоа уште тројца фудбалери на Барселона, Андреас Иниеста и Нејмар од Барселона, Герет Бејл од Реал Мадрид, Чави од Барселона, Луиз Суарез од Ливерпул и Кун Агуеро од Манчестер Сити.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk