Металург домаќин на Мешков Брест во СЕХА лигата

06.03.2013 10:15 | KumanovoNews

Лидерот на табелата во СЕХА лигата Металург попладнево од 18 часот  во салата „Автокоманда“ во Скопје ја пречекува белоруската екипа Мешков Брест.

Металург домаќин на Мешков Брест во СЕХА лигата

Ова е натпревар од 15.коло од СЕХА лигата, водено и вистинска проверка на силите на нашиот шампион пред дуелот од Лигата на шампионите со екпата на Динамо Минск, исто така од Белорусија.

На првиот дуел во Белорусија, Металург загуби со 26:28, а на турнирот во Струга пред почетокот на оваа сезона победа оствари Металург со 26:23.

Металург на овој натпревар ќе настапи без Дејан Манасков, кој вчера беше опериран во Опатија, Хрватска. Воедно ова ќе биде можност тренерот Лино Червар да ги провери на натпревар квалитетите на замената Словенецот Давид Коражија.

Покрај овој дуел попладнево играат: Татран Прешов - Извиѓач.

Табела: Металург 33 бодови, Загреб КО 32, Мешков Брест 31, Вардар Про 30, Ловќен 26, Татран Прешов 23, Нексе 22, Извиѓач 9, Борац 7, Слога 3.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk