Металург поразен од Подравка

19.02.2013 10:39 | KumanovoNews

Ракометарките на Вардар изгубија од Локомотива со 25-28 (13-14), а Металург испушти сигурна победа и одигра нерешено со Подравка 22-22 (12-11) во натпреварите од Регионалната лига што се играа викендов помеѓу македонските и хрватските тимови.

Металург поразен од Подравка

Металург одлично го почна натпреварот, поведувајќи со 5-1, што направи паника кај тренерот на Подравка, Невен Хрупец, кој на сите можни начини пробуваше да ја пробие одличната одбрана на Металург. Второто полувреме продолжи со изедначена игра, но гостинките успеаја да се наметнат.

До 53. минута имаа водство од еден до два погодоци. Потоа тренерот на Металург, Крсто Петрушевски, ги посоветува своите ракометарки на тајмаут и тие во следните два напади изедначија и поведоа со 21-20. Мирјета Бајрамоска промаши пенал во последните минути, и при резултат 22-21 со истекот на времето со удар од девет метри гостинките погодија преку „живиот ѕид“ за конечни 22-22.

Најефикасна кај Металург беше Бајрамоска со 11 погодоци, а голманката Михаела Иаломитеану имаше 10 одбрани. Стрелецот на израмнувачкиот гол по истекот на времето Тања Кириџиќ беше најефикасна кај Подравка со четири гола.     

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk