Металург преку Партизан до нови поени во Сеха Лигата

10.10.2013 07:10 | KumanovoNews

Вчера, македонскиот ракометен вицепрвак Металург на домашен терен го совлада српскиот Партизан со конечен резултат 26:21.

Металург преку Партизан до нови поени во Сеха Лигата

Оваа за македонскиот претставник во Сеха Лигата е трета победа, а прва на домашен терен. Има освоено вкупно 11 поени и се проби на третото место на табелата.

По оваа убедлива победа во дуелот против Партизан, екипата на Металург е единствената без пораз на регионалното натпреварување во Сеха Лигата.

Тренерот Лино Червар во текот на целиот натпревар им даде шанса на помладите играчи кои достојно го претставија клубот.

Најефикасни во составот на Металург беа Павел Атман и Филип Талевски со 4 голови и голманит Раде Мијатовиќ и Никола Митревски кои имаа вкупно 20 одбрани.

Кај српскиот Партизан најефикасни беа Мијајло Марсеновиќ и Александар Радовановиќ со по 4 голови.

За ракометарите на Металург оваа беше загревање за натпреварот на гостувањето кај Барселона во сабота. Натпревар од 3. коло во Лигата на Шампионите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk