Металург само еден од 4. непоразени тима во Лигата на шампиони

22.10.2012 08:18 | KumanovoNews

Македонскиот ракометен шампион Металург, е еден од четирите непоразени тимови  во првите четири кола во Лигата на шампионите.

Металург само еден од 4. непоразени тима во Лигата на шампиони

Избраниците на хрватскиот стручњак Лино Червар, се во друштво на Барселона,  Веспрем  и  Киелце, кои истот така имаат максимални осум бодови од четири средби во најквалитетнотот клупско ракометно натпреварување.

Металург своите настапи во Лигата на шампионите ги  продолжуваат на 18 ноември кога на домашен терен го пречекуваат тимот на Киелце, кој  им е најголем конкурент за освојување на првото место во Ц - групата.

Киелце заради гол разликата моментно е на првото место во групата, пред Металург. Но, доколку македонскиот шампион биде подобар во меѓусебните дуели ќе се искачи на врвот на табелата, што му гарантира полесен противник во наредната фаза во ЛШ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk