☰

Миа Додевска освои сребро на меѓународен натпревар во Лесковац

07.10.2026 12:31 | KumanovoNews

Кумановската пливачка Миа Додевска продолжи со успешните настапи на меѓународните натпревари, откако на „Лесковачки победник 2026“ во Лесковац, Србија, освои второ место на 50 метри градно.

Миа Додевска освои сребро на меѓународен натпревар во Лесковац

Додевска настапи во три дисциплини и повторно се најде меѓу најдобрите во својата конкуренција. Покрај сребрениот медал на 50 метри градно, таа го освои четвртото место на 50 метри грбно и четвртото место на 100 метри градно.

Со овој настап, младата пливачка ја продолжи серијата успешни резултати, стигнувајќи до 17. медал по ред на натпреварите на кои настапува.

Миа Додевска е членка на Пливачкиот клуб „Немо“ од Куманово, кој во изминатиот период бележи повеќе успешни настапи на домашни и меѓународни пливачки митинзи.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk